Sunday, July 18, 2010

Црква Свети Спас и Музеј на Гоце Делчев, Скопје

Кога го минуваме камениот мост, навлегувајки во Старата Скопска Чаршија, патот веднаш не води кон црквата Свети Спас. Сместена на платотот под самата Скопска Тврдина, подигната кон крајот на XVII век, или на почетокот на XVIII век.

Наизглед едноставна градба, вкопана во земја, црквата во себе крие фантастичен иконопис, изработен од копаничарската тајфа на мајсторот Петре Филиповски – “Гарка” од малореканското село Гари. Работен е од 1819 до 1824 година. Во десниот крај на иконостасот на јужната страна се претставени самите автори: Петре Филиповски го изработува планот, а другите двајца се претставени со чекани и со длета во рацете.

Photobucket

Во самиот двор на црквата се наоѓа огромен мермерен саркофаг, во кој се сместени коските на великанот на Македонското револуционерно движење, Гоце Делчев.

Photobucket

Во конаците на црквата е сместен Музејот на Гоце Делчев, во кој ке ве пречека кустос кој ке ви даде информации за сите изложени парчиња оружје и сите експонати , кои ги има на претек. Може да се најде комитска облека, може да видите парчиња оружје од приватни колекции, јатагани, куршуми, пушки...Историјата на револуционерното дело..
Едно убаво претпладне минато во црквата Свети Спас и во Музејот на Гоце Делчев.

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket