Saturday, April 4, 2009

Пу, неверници, во пекол ке горите !

Што убав сеир ни нафаќаа Шпоните-се истепавме меѓусебно за една црква. Нив да ги прашаш-сите сложно ке навиваа за џамија било каде, па макар и на среде Бит Пазар-от, онаму, меѓу тезгите. Ама ајде, за разлика од нив, ние имаме АРХИТЕКТИ , па тие нели се постручни, нека кажат што мислат.

Архибригадата и останатите организатори беа во најмала рака изманипулирани, повеќе од јасно. Таков впечаток делам и јас. За "неисполитизираноста " на Архибригадава-не мора никој да зборува. Не сме вчерашни.
Но дека 'рчките гарант ги започнале, или во најдобар случај веднаш со радост ги прифатлие селаништана од планина симнати, кои , за чудо, копачите не ги зеле со себе за и со нив да замаваат, тоа е јасно.
Има еден слој на симпатизери или можеби и маргинални членови на ВМРО, кои задоени од "патриотизам "(иако не ни сваќаат што е тоа) , заслепени од ограниченост, не се ни во состојба да погледнат малку и на другата страна.
Тоа се истите оние мајмуни од 16 до 22 години, кои едвај три реда школо завшиле, ама сметаат дека го фатиле Аце Велики за муда, ако залепиле 4 плакати за избори.
Тоа се оние малоумници кои викаат најгласно на митинзите и се чукат во пијаните гради , тоа се оние кои сите кои не се членови на нивната партија ги нарекуваат КОМУЊАРИ, без воопшто да знаат што е тоа Комунизам.
Додека тие тераат инквизиција каде стигнат, без воопшто да бидат свесни што прават, жално е што ВМРО не се оградува од нив. Жално е што тие го градат (рушат) имиџот на целата партија и целата идеја. Оние олигарсине тоа убаво знаат да го злоупотребат...
А да, пак ке повторам, нека не скока ни онаа АРХИБРИГАДА многу, кога ги знаеме што мустричиња се. Убаво беа насанкани.
Баш сега им светна, пред избори...Ама тоа е друга приказна...

Заклучок - СЕ СИМНАВМЕ НА НИВО КОЕ НЕ НИ ДОЛИКУВА . Кој сака нека го оспорува тоа-џабе му е.

Ајде добра ноќ. Нека е помирно утре.

No comments: