Saturday, April 4, 2009

Србија под американските бомби

На 24 март 1999., Почна бомбардирањето на НАТО врз СР Југославија по наредба на генералниот секретар на Алијансата Хавиер Солана. Бомбардирањето заврши на 10 јуни 1999 година со усвојување на Резолуцијата 1244 за Косово на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Во името на заштита на "човековите права " на Aлбанците, беа бомбардирани Косово и Србија. Во името на "човековите права" беа срушени индрустриски објекти, беа напаѓани градинки, училишта, болници, амбасади..

Додека Ричард Гир си правеше самореклама лигавејки се со вештачки создадените шиптарски бегалци по камповите, Србите стоеја на мостовите ширум земјата изигрувајки живи штитови , бранејки ги од НАТО "мировните " бомби...

И додека BBC и CNN, американските масмедиуми, се обидуваа да ни исперат и на нам памет, како што правеа со цел останат свет, дека сепак таа војна е праведна, најмногу од се ме вадеше од такт сервилноста на нашите политичари и глупоста на нашите медиуми кои како навиени ги повторуваа нивните ставови.

Во тоа време забележани се повеќе интервјуа на лидерот на Радикалната Странка, Др. Воислав Шешељ, за различни медиуми, во кои тој ја oосветлува "другата страна на медалот ". Неговите интервјуа за српските медиуми се собрани во книгата

"СРБИЈА ПОД АМЕРИКАНСКИТЕ БОМБИ"

* клик на линкот за симнување

Знам дека вистината нам ни е кристално јасна. Посебно откако дома ни се појавија истите тие борци за човекови права со уште поголеми барања. Сепак, книгата е една лекција по право и историја која ќе ни даде нов поглед ако биде биде прочитана.

Photobucket

Др. Воислав Шешењ во Хаг

No comments: